дома Свет Косовскиот врв подготвува тужба за геноцид против Србија

Косовскиот врв подготвува тужба за геноцид против Србија






Косовската министерка за правда Аљбуљена Хаџиу денеска изјави дека претседателката на Косово, премиерот и претседателот на Собранието, Вјоса Османи, Албин Курти и Гљаук Коњуфца подготвуваат тужба за геноцид против Србија, пренесе Бета.

Хаџиу на прес-конференцијата не ги откри деталите за оваа тужба, но рече дека се работи на неа, јавуваат приштинските медиуми.

„Што се однесува до тужбата за геноцид, таа е во програмата на Владата. Во овој процес се ангажирани Курти, Османи и Коњуфца. Поради чувствителноста на ова прашање не можеме да дадеме повеќе детали, но ве уверувам дека се занимаваме со ова прашање“, рече Хаџиу.

МИА

– Реклама –








ПредходнаШпаркасе Банка ги известува студентите дека денес е забележан phishing напад, претставен како линк креиран од Шпаркасе Банка
СледнаИДФ тврдат дека го убиле експертот за ракети на Хамас