дома Црна хроника Мигрант загина од струен удар во Градско

Мигрант загина од струен удар во Градско

72

Мигрант загина од струен удар во Градско откако се качил на покривот на вагоните на воз, што сообраќал на релација Гевгелија – Скопје.

Преку единствениот број за итни повици Е-112 во ЦУК е добиена информација дека мигрант дошол во допир со кабел на електрична енергија при што лицето добило струен удар.

-Случајот е пријавен во МВР и Итна медицинска помош. Според информациите добиени од МВР лицето не давало знаци на живот, а потоа и од Итната медицинска помош било констатирано истото. Настраданото лице е од машки пол на возраст од околу 30 години, информира ЦУК.



ПредходнаПет болести кои можете да ги наследите од родителите
СледнаАвтомобил се преврте кај Ново Село, возачот тешко повреден