дома Локално Продолжува топлото време – температури до 39 степени

Продолжува топлото време – температури до 39 степени

    Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Според најавите на УХМР, слично време ќе се задржи и во наредните денови – сончево, многу топло и со умерена облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југоисточен правец.

ПредходнаВо Љубојно со блокада на патот се обидуваат да спречат сечење на шумата
СледнаПод АЛАРМ за напад-Авион од Софија до Лондон придружуван од борбени авиони над Германија