дома Свет Балкан Вечерва нови студентски протести во повеќе од 30 градови низ Србија

Вечерва нови студентски протести во повеќе од 30 градови низ Србија

Студентите во блокада објавија список на локации каде вечерва ќе се одржат протести под слоганот „Вечерас пуцате по шавовима“.

Оваа вечер се најавени собири на повеќе од 30 места низ Србија.

Потсетуваме, вчера низ целата земја, вклучително и во Белград, се одржаа протести како реакција на насилството што во вторникот вечерта се случи пред просториите на Српската напредна странка во Врбас, кога приврзаници на СНС со пиротехника гаѓаа граѓани. Синоќа сличен инцидент се случи и во Нови Сад, каде повторно беа нападнати демонстранти, а полицијата не реагираше.

Организаторите денеска упатија и апел до граѓаните, од безбедносни причини, да не носат деца или домашни миленици на протестите.

„Поради безбедноста на сите учесници, молиме да не се доведуваат животни ниту деца. Ваквите собири подразбираат зголемена бучава, гужва и непредвидливи ситуации кои може да ја загрозат нивната безбедност и да предизвикаат стрес. Нашата е заедничка одговорност е да се грижиме за најосетливите“, порачаа студентите од Правниот факултет преку социјалните мрежи.

 

Студентите во блокада на Инстаграм соопштија дека собирите во Белград ќе се одржат  кај зградата на Генералштабот, на кружниот тек во близина на Општина Нови Белград, како и кај Автокоманда, додека собирот во Нови Сад ќе започне во 19:45 часот пред просториите на Безбедносно-информативната агенција (БИА).

Собирите се најавени    во Крагуевац на Ѓачки плоштад, во Краљево на плоштадот Српски воини, во Лозница и Шабац во близина на Гимназијата, во 20 часот во близина на Градското собрание во Ужице и во 21 часот во Ниш, но локацијата засега не е прецизирана.

Собири се планирани и во Обреновац, Лазаревац, Анарѓеловац, Сремска Митровица, Горњи Милановац, Врбас, Крушевац, Ваљево, Богатиќ, Неготин, Смедерево, Бор, Чачак, Зрењанин, Инѓија, Младеновац, Панчево, Лесковац, Шид, Качарево, Ивањица, Рума, Прокупље и Стара Пазова, а сите информации може да се најдат на социјалните мрежи на студентите во блокада.

Претходните две вечери во неколку градови во Србија имаше судири меѓу демонстрантите и поддржувачите на Српската напредна партија (СНС), кои најчесто беа сместени во близина на просториите на партијата.

Во меѓусебното гаѓање со  различни предмети, поддржувачите на СНС најчесто користеа пиротехнички средства, а неколку лица беа повредени, меѓу кои и припадници на полицијата.

ПредходнаБиткоинот падна за два проценти на 101.383 евра, а итриумот за четири проценти на 3.892 евра
СледнаДодик: Ќе се распише референдум на кој ќе се постави прашањето за правниот и уставниот статус на РС