дома Технологии Дали може во вселената да се раѓаат бебиња? Еве што велат истражувањата

Дали може во вселената да се раѓаат бебиња? Еве што велат истражувањата

Уште откако луѓето решиле да ја истражуваат вселената, постоеле идеи за колонизација на планети блиску до нас, како што е Марс. Но, како би изгледало луѓето да се прилагодат на толку долго патување и да се населат на „мала карпа“ далеку од нивната матична планета?

Една од дилемите е секако раѓањето на деца во овие вселенски колонии. Патувањето до Марс е доволно долго за зачнување и раѓање на бебиња. Колку е тоа безбедно и што би се случило со бебе родено далеку од Земјата?

Бременоста е всушност низа биолошки чекори што мора да се случат по правилен редослед и секој има одредена шанса за успех. На Земјата, шансите за успех може да се проценат преку клинички истражувања и биолошки модели. Ваквите истражувања сугерираат дека некои од овие фази на развој може да бидат под влијание на условите во меѓупланетарниот простор, како што е наведено во обемна статија на „The Conversation“.

За почеток, бестежинската состојба не треба да има никаков ефект ниту врз зачнувањето ниту врз одржувањето на бременоста. Сепак, самото раѓање и грижа за новороденче би било многу потешко во вселената со нулта гравитација. На крајот, ништо не стои мирно во вселената, течноста лебди во вселената, како и луѓето. Ова би го направило породувањето и целата нормална работа околу бебето многу покомплицирано отколку на Земјата, каде што гравитацијата помага во сè, од позиционирање на бебето до хранење.
Од друга страна, фетусот исто така се развива во некојмвид миктогравитација, во течност. Со тоа и матката е еден вид симулатор на микрогравитација. Но, ниската гравитација е само дел од приказната.

Надвор од заштитните слоеви на Земјата постои многу поопасна закана – вселенско зрачење. Санува збор за високоенергетски честички кои се движат низ вселената речиси со брзина на светлината. Тоа се атоми кои ги изгубиле своите електрони, задржувајќи само густо јадро од протони и неутрони. Кога овие одвоени клетки се судираат со човечкото тело, можат да предизвикаат сериозни оштетувања на клетките.

На Земјата, ние сме заштитени од поголемиот дел од вселенското зрачење со густа атмосфера и магнетно поле. Во вселената, не постои таков штит. Кога ваквите зраци минуваат низ телото, тие можат да погодат атом, да ги отстранат неговите електрони и да го скршат јадрото, оставајќи зад себе сосема различен вид изотоп. На тој начин, се предизвикува многу локализирана штета; поединечни клетки или делови од клетки се уништуваат, додека остатокот од телото може да остане неповреден. Понекогаш воопшто нема штета. Меѓутоа, ако зрачењето ја погоди ДНК, може да предизвика мутации кои можат да бидат канцерогени. Дури и кога клетките ќе преживеат, зрачењето може да предизвика воспалителни процеси, со претеран одговор на имунолошкиот систем, ослободувајќи хемикалии кои можат да го оштетат здравото ткиво и да ја нарушат функцијата на органите.

Во првите неколку недели од бременоста, клетките на ембрионот брзо се делат, се движат и формираат ткива и други структури. За да продолжи развојот, ембрионот мора да остане витален во текот на овој деликатен процес, кој е најранливиот период од бременоста. Еден „удар“ од вселенски зрак во оваа фаза може да биде фатален за ембрионот. За среќа, ембрионот е многу мал, а вселенските зраци – колку и да се опасни – се релативно ретки, па затоа директен удар е малку веројатен. Доколку се случи, веројатно би предизвикал спонтан абортус што бремената жена дури и не би го забележала.

Како што напредува бременоста, ризиците се менуваат. Кога ќе се воспостави плацентарната циркулација на крајот од првиот триместар, протокот на крв што ги поврзува мајката и фетусот, и фетусот и матката почнуваат брзо да растат. „Целта“ одеднаш станува поголема. Сега се зголемува и веројатноста вселенските зраци да ги погодат мускулите на матката, што може да предизвика контракции и предвремено породување. И покрај фантастичниот напредок на неонатологијата, колку порано се роди бебето, толку е поголем ризикот од компликации, а ова особено важи за породувањето во вселената. Секоја бременост и породување носат свои ризици на Земјата, а во вселената, сето ова би било уште поинтензивирано, но не мора да биде непремостливо.

Следат нови чекори, бидејќи развојот на детето не престанува со раѓањето. Бебе родено во вселената би продолжило да расте во микрогравитација, што би можело да влијае на рефлексите и координацијата, инстинктите што му помагаат на бебето да ја крене главата, да седне, да ползи и да оди. Сите овие движења зависат од гравитацијата. Без чувство за „горе“ и „долу“, овие способности можат да се развијат во различни насоки. Опасноста од зрачење исто така не исчезнува. Мозокот на бебето продолжува да расте по раѓањето, а продолжената изложеност на космички зраци може да предизвика трајно оштетување на когницијата, меморијата, однесувањето и целокупното здравје на долг рок.

Значи, можат ли бебињата да се раѓаат во вселената? Теоретски, можат. Но, сè додека не можеме да го заштитиме ембрионот од зрачење, да спречиме предвремено породување и да обезбедиме бебето безбедно да расте во микрогравитација, вселенската бременост останува експеримент со висок ризик за кој сè уште не сме подготвени.

ПредходнаНа 61 година: Познат комичар трагично загина на планинарење во Шкотска
СледнаСѐ повеќе личат на нас: Роботите учат да ги адаптираат движењата како луѓето, за да не им паѓаат предметите од раце