дома Свет Крадци украле накит во вредност од 2 милиони долари за помалку од...

Крадци украле накит во вредност од 2 милиони долари за помалку од 2 минути од продавница за накит во Сиетл

Четири маскирани мажи ограбиле продавница за накит во Западен Сиетл и украле накит и луксузни предмети во вредност од околу 2 милиони долари за помалку од две минути, соопшти полицијата.
Инцидентот се случил во четврток попладне, а безбедносните камери ги снимиле осомничените како користат чекани за да пробијат заклучени стаклени врати и да испразнат шест витрини за 90 секунди, вклучувајќи една што содржела часовници „Ролекс“ проценети на 750.000 долари и смарагден ѓердан во вредност од 125.000 долари, објави ABC News.
За време на грабежот, еден од напаѓачите им се заканувал на вработените со спреј против мечки и тејзер, но никој не бил повреден.
„Како вработени сме доста потресени. Ќе бидеме затворени некое време“, изјави за медиумите Џош Менаше, потпретседател на семејната продавница за накит, додавајќи дека работниците почнале да ја проценуваат вкупната штета откако го исчистиле скршеното стакло. Полицијата пристигнала на местото на настанот кратко по пријавата, но разбојниците веќе избегале со возило и избегнале претрес.

ПредходнаШербеџија на 31-от Сараевски филмски фестивал: Филмот „Павилјон“ е комичен и тажен
СледнаHina ; Хрватот уапсен во Белград воопшто не бил на протестите