Не помина предлог законското решение на парламентарното мнозинство за измени во изборниот законик и покрај одредени модификации кои ги претрпе на собраниските комисии, но и прифаќањето на амандманот на Левица прагот од 0.95 за собирање потписи за независните да биде намален на 0,5 .
Сепак крајниот епилог и крајното гласање помина без потребното бадентерово мнозинство откако Европскиот фронт веќе се изјаснија дека нема да ги гласаат измените и бараа политички консензус и разговори а повикувајќи се и на одлуките на уставниот суд во делот на резидентното и нерезидентното население . Предлог измените на владата ги дефинираа како еднострани .Потребата од ова законско решение на почетокот ја образложија од парламентарното мнозинство .
Левица пак чии амандман за намалување на прагот за собирање потписи беше прифатен на комисиските расправи исто така реагираа и велат ќе останат на браникот на граѓаните.
Неизгласувањето на измените на изборниот законик а во врска со независните сега ќе значи примена на новото упатство на ДИК според кое независните ќе имаат право на самокандидирање односно кај советничките листи ќе нема потреба од дополнителни потписи од оние на самитре кои се предложени а кај кандидатите за градоначалници секој сам ќе одлучува со колкав број на потписи ќе ја поткрепи својата кандидатура и ќе бара поддршка од група избирачи а според упатството тоа се најмалку 2 потписи.





