дома Свет Балкан Критична е ситуацијата со пожарот во Пипери кај Подгорица

Критична е ситуацијата со пожарот во Пипери кај Подгорица

Ситуацијата во врска со пожарот во Пипери кај Подгорица е критична, а сите расположиви противпожарни екипи се распоредени на терен, изјави Милан Радовиќ од Дирекцијата за заштита и спасување на Црна Гора.
Радовиќ изјави дека е особено критично во подгоричката населба Копиље и на Стијена Пиперска, и дека се стравува дека северниот ветер би можел да влијае на ширењето на пожарот, објави РТЦГ.
Тој рече дека активни пожари има и во областите Бијело Поље, Даниловград и Никшиќ.
Радовиќ истакна дека во гаснењето на пожарот учествуваат и хеликоптери од Чешка, Босна и Херцеговина и Србија, и дека благодарение на големиот хеликоптер от испратен од Србија, пожарот во Дајбабе кај Подгорица е ставен под контрола.
Швајцарски противпожарен тим пристигна да ѝ помогне на Црна Гора во петокот – 26 пожарникари со четири специјализирани возила, соопшти црногорското Министерство за внатрешни работи.

Предходна„Почело је“, синоќа во Србија тепања, палења, апсења , солзавци и шок бомби
СледнаСо новите обиди за измена на Изборниот законик се почитуваат 0,95% од Уставот