дома Македонија Економија Народна банка: Инфлацијата годинава 9,5 насто, економијата ќе забавува

Народна банка: Инфлацијата годинава 9,5 насто, економијата ќе забавува


Дискрепанца во проекциите меѓу НБРМ и Владата има и во делот на растот на економија. Народната банка проектира забавување на економијата и раст од 1,9 насто на годишно ниво, наспроти проекциите на Владата за пораст на македонската економија од 2,5 насто.

Следната година се очекува инфлацијата да забави поради пониските цени на енергенсите, храната и металите, но евентуалниот пораст на минималната плата, пензиите и платите на администравците би можеле повторно да ја поттикнат инфлацијата.

Народната банка прогнозира да продолжи кредитниот раст со незначително побавно темпо, поради затеганти монетарни услови. Повисок пораст ќе имаат депозитите и заштедите заради повисоките камати кои ги нудат банките.

Денарот останува стабилен, а девизните резерви се на солидно ниво.



ПредходнаЕвропските и азиските берзи под притисок на крајот од седмицата
СледнаШерон Стоун тврди дека била сексуално злоставувана во филмската индустрија