Шеесет и едногодишен српски државјанин почина во неделата во областа на одморалиштето Неа Врасна, објави порталот Прототема.

Мажот бил извлечен од морето во несвест околу пладне во неделата.
Според соопштението од крајбрежната стража, прва помош му била укажана од екипа на брза помош, но без успех.
Телото на српскиот турист потоа било префрлено во здравствениот центар Неа Мадиту.
Истрагата е во тек, а обвинителството наредило обдукција.




