дома Македонија Политика ДПА заврши со избори, а и со дружбата со Ахмети

ДПА заврши со избори, а и со дружбата со Ахмети

Партијата ДПА нема да учествува на локалните избори.и тие се маскарада тврди претседателот  Мендух Тачи

Одлуката беше донесена во Централното собрание на ДПА, објави лидерот на партијата која пред неколку денови ги прекина односите со Али Ахмети и со Европскиот фронт.

„Централното собрание одлучи дека Демократската партија на Албанците одбива да учествува во оваа политичка маскарада наречена избори и нема да имаме кандидати на овие избори“, објави Тачи.

 „Господинот Ахмети свесно влезе и зеде како сојузници двајца заколнати непријатели на ДПА, кои не штедеа ништо за да ѝ наштетат на оваа партија. Собранието на партијата заклучи дека соработката со Ахмети и со ДУИ е целосно невозможна“, вели Тачи.

Тачи пред неколку дена изјави дека повеќе нема политички односи со Али Ахмети и дека политичката соработка меѓу нив не продолжува

ПредходнаОблачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи
СледнаТрамп: Зеленски може да ја запре војната со откажување од Крим и НАТО