По повод својот 30 роденден, британската пејачка со албански корени Дуа Липа го покажала фустанот којшто го дизајнирала нејзина пријателка, но коментарите од следбениците не се баш позитивни.

Дуа Липа е позната по својот смел моден вкус, а за својот 30-ти роденден останала доследна на нејзиниот стил.
За таа прилика, нејзина блиска пријателка ѝ дизајнирала сребрен фустан којшто бил тесен и веднаш го привлекол вниманието. Креацијата има длабоки изрези кои се протегале од деколтето до колковите, а очигледно е дека под фустанот со длабоки изрези пејачката не носи долна облека.
Дуа Липа со гордост позира во овој фустан, а фотографиите ги сподели на социјалната мрежа Инстаграм и јасно покажа дека не носи долна облека, со што дополнително го истакна својот препознатлив и провокативен стил.
– Мојата најдобра пријателка го направи овој фустан којшто „убива“, за уште една совршена ноќ. Сите вие да ѝ се заблагодарите на Џули – напишала пејачката, но коментарите под објавата биле навистина бурни.
„Изгледаш како диско топка во реален живот“, „Дали ти воопшто сакаш да носиш долна облека? Биди искрена“, „Срамота е што тетоважите ти изгледаат ужасно“, биле само дел од нималку ласкавите коментари.




