дома Свет Трамп потврдува дека планира да се јави кај Путин по разговорите во...

Трамп потврдува дека планира да се јави кај Путин по разговорите во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека денес имал индиректен разговор со својот руски колега Владимир Путин и додаде дека планира да го повика по телефон по денешните разговори во Белата куќа со европските лидери и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Тој очекува мој повик кога ќе ја завршиме оваа средба“, рече Трамп, додавајќи дека за време на разговорот со рускиот лидер ќе ја покрене идејата за трилатерална средба Трамп-Путин-Зеленски, објави Си-Ен-Ен.
Трамп рече дека средбата може, но и не мора да се одржи, додавајќи дека борбите ќе продолжат ако нема таква средба.
„Ако имаме трилатерална средба, имаме добри шанси. Ако имаме трилатерална средба, има добри шанси таа (војната) да заврши“, рече Трамп.
Во меѓувреме, Трамп се пошегува за тоа дека нема да се одржат избори во Украина за време на воена состојба.
Откако Зеленски им рече на новинарите во Овалната соба, заедно со Трамп, дека не е можно да се одржат избори додека трае конфликтот, американскиот претседател додаде дека за три и пол години „ако војната продолжи, нема да има повеќе избори“ бидејќи тоа е периодот кога се очекува да заврши неговиот втор мандат.

ПредходнаТрамп не ја исклучува можноста за испраќање американски војници во Украина за одржување на мировниот договор
СледнаНиколовски: Приоритети на Владата се реконструкција на Коридорот 10 и скопската обиколница