Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на регионалниот пат Битола-Ресен кај месноста Макази, во која загина 52-годишен маж по потекло од Битола.

Како што јавија локалните медиуми сообраќајката се случила меѓу две патнички возила,од кои едното било со странски, а другото со локално охридски регистерски таблички. Од силниот удар едното возило било опожарено.