дома Македонија Политика Во петок ќе се знае по колку советници ќе имаат општините и...

Во петок ќе се знае по колку советници ќе имаат општините и Град Скопје?!

Државната изборна комисија  не успеа да го донесе Упатството за бројот на советници во советите на општините и Градот Скопје, поради барањето на членката на ДИК, Дитмире Шеху, упатството да се донесе со консензус, но претседателот на ДИК, Борис Кондарко, во изјава за весникот ВЕЧЕР најави дека Упатството сепак ќе се најде на гласање повторно во петок, овој пат според постапка со мнозинство гласови, како што дозволува Изборниот законик.

Чеху се повика на одредби за заштита на немнозинските заедници. Според неа, бројот на советници не смее да се темели на владина одлука поврзана со пописот, туку исклучиво на Законот за локална самоуправа. Гласањето вчера заврши со пет члена „за“ и двајца „против“, што не беше доволно за консензус. ДИК сега го чека правното мислење од својата служба по иницијативата на Шеху

–Со примена на одредбите од член 31 од Изборниот законик точка 34г на која се повика колешката Дитмире Шеху, која гласи дека кога предлог-одлуката на ДИК се однесува на интереси на немнозинската заедница пред ставање на одлуката на гласање кој било член на ДИК кој припаѓа на немнозинската заедница има право да побара од ДИК да одлучува таквата одлука да биде донесена со консензус. Согласно со точка 34 г од член 31 од ИЗ како што беше предлогот на колешката, упатството го ставам на гласање како предлог-упатство за пополнување на образец на листи за кандидати за членови на совет на општини и на градот Скопје, рече Кондарко и констатира дека пет члена на ДИК се „за“ и двајца „против“.

Согласно со ова и цитираната законска одредба, како што истакна, тој констатира дека за оваа одлука гласањето покажало дека нема консензус и таа не е донесена.

 

ПредходнаНиколоски најави проверка на целокупното работење на пет аероклубови, кои се носители на уверенија за оператори на спортски аеродроми
СледнаАвтобуска несреќа во Авганистан одзеде 79 животи