дома Свет Автобуска несреќа во Авганистан одзеде 79 животи

Автобуска несреќа во Авганистан одзеде 79 животи

   Најмалку 79 лица, меѓу кои и 17 деца, загинаа во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на автопат во западен Авганистан, соопштија властите.
Како што потврди раководителот на информативниот оддел на покраинската влада Херат, Ахмадула Мутаки, во несреќата учествувале автобус, камион и мотоцикл, објави Ројтерс.


Автобусот, кој превезувал депортирани авганистански бегалци од Иран до Кабул, се запалил по несреќата.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Абдул Матин Каниех изјави дека несреќата се случила на околу 30 минути возење од Херат и дека сите загинати биле патници во автобусот.

Снимките од местото на настанот го покажуваат возилото во пламен.
Официјалните лица изјавија дека ваквите несреќи се чести во Авганистан поради лошата патна инфраструктура, непочитувањето на сообраќајните прописи и последиците од децениската војна.
Портпаролот на талибанската влада, Забихулах Муџахид, ги повика надлежните транспортни институции итно да ги објават резултатите од истрагата и да ги утврдат одговорните за несреќата.
Провинцијата Херат, на западот од земјата, се граничи со Иран и Туркменистан и во моментов е привремен дом за десетици илјади авганистански мигранти кои се депортирани од Иран, објави Ројтерс.

ПредходнаВо петок ќе се знае по колку советници ќе имаат општините и Град Скопје?!
СледнаСè уште гори во резерватот „Јасен“, изгледа решение е само силен дожд