дома Локално Хидросистемот „Ѓавато“ се санира, во најскоро време ќе биде целосно функционален и...

Хидросистемот „Ѓавато“ се санира, во најскоро време ќе биде целосно функционален и оперативен

  Пристапуваме кон системско санирање на хидросистемот Ѓавато и тој во најскоро време ќе биде целосно оперативен и функционален, најави премиерот Христијан Мицкоски по  увидот во градежните активности за санација на Хидросистемот.

Мицкоски: Хидросистемот „Ѓавато“ се санира, во најскоро време ќе биде целосно функционален и оперативен-Излеговме на самата траса од Хидросистемот „Ѓавато“ за лично да се увериме и видиме што се случувало повеќе од две децении откако е направен овој хидросистем за да направиме дијагностика по која потоа ќе постапуваме. Детектирани се места каде има пукнати цевки кои треба да ја донесат водата до базенот од каде со други пумпи водата ќе биде однесена во Дојранското Езеро, изјави Мицкоски и додаде дека три четири години хидросистемот функционирал со расипан цевковод.

Посочи дека благодарение на општествено одговорна компанија, се пристапило кон санирање на овие дефекти кои ќе бидат санирани во најскоро време. Премиерот очекува во наредните неколку дена да бидат санирани овие цевководи, со што ќе се зголеми огромен капацитет на вода којашто ќе доаѓа до резервоарот од каде со други пумпи потоа ќе биде пренасочена кон Дојранското Езеро.

-Морам да споменам дека станува збор за 2 бунарски потопни пумпи, капацитетот како што гледате овдека е 10, другите 8 не работат. Овие 2 имаат капацитет од 100 литри во секунда секоја иако вкупниот капацитет на хидросистемот е 1 кубик односно 1.000 литри во секунда. Во периодот што следи планираме да оспособиме најмалку четири пумпи, а потоа уште дополнителни две со што цениме дека ќе ги задоволиме потребите во најскоро време Дојранското Езеро да го добие изгледот кој што заслужува за да го користат сите граѓани, подвлече Мицкоски.

Од Хидросистемот, како што кажа, корист ќе имаат и земјоделците кои ќе можат да ги наводнуваат своите посеви, како и градот Богданци кој во летниот период се снабдува со вода од овој хидросистем. Најави дека ќе се санираат и потисните пумпи кои ја туркаат водата кон Дојранското Езеро.

 

ПредходнаПриходите од туризмот во Грција во првата половина од годинава се зголемиле за 11 отсто
Следна6 кандидати за градоначалник на Скопје