дома Uncategorized МОТАЖНИ КУЌИ или измамени граѓани и нервози

МОТАЖНИ КУЌИ или измамени граѓани и нервози

Дали ви се случило да потпишете договор за изградба на монтажна куќа во рок од 30, 50 или 100 дена и истата да не биде готова ниту после шест-седум месеци, година дена ?!

Дали ви се случило да ви ги земат парите и да се изгубат и да не ви се јавуваат на телефон?

Уште повеќе да ве предупредат дека имаат релации и со МВР и дека не ви вредат интервенции туку да бидете стрпливи и да доплатите затоа што ги потрошиле парите. Дали ви се лучило да договрите  за се и воопшто да не се појават ?

 

Изградбата на монтажни куќи добива сѐ поголем замав во нашата земја од едноставна причина што понудите се поповолни отколку изградбата на ѕидани куќи. Поефтина, побрза и примамлива со брзината на изградба што се нуди – клуч на рака за само неколку месеци.

Но, се чини дека не е сѐ така како што изгледа. Голем број наши граѓани се соочуваат со проблемот да чекаат изградбата да биде многу подоцна отколку таа предвидена во потпишаниот договор. Обидувајќи се да ги најдеме причините за тоа, разговаравме со неколку измамени граѓани  и мајстори од професијата кои ни дадоа многу едноставен одговор:

-“Тоа е затоа што градежните фирми, односно мајсторите фаќаат работа на повеќе места во исто време и малку ќе поработат на една куќа, малку на друга и така работата се одолговлекува, а тие се сигурни дека имаат фронт за работа и пари”

Втора работа  е што нема доволно мајстори, а клучната е што предузимачите и главните играчи кои ги продаваат и градат  монтажните куќи имаат линкови по институциите, впрегнати се во некој чудни комбинации и профити и знаат дека нема да бидат казнети за непочитување на договорите и затоа работат на овој начин на штета на граѓаните.

Не е за потценување ниту моментот со штетните договори и замки каде што пишува еден квалитет , а  ви вградуваат друго, трета класа, калкулации со бруто и нето површина, плаќаш 80 добиваш 74 квадрати  и агресивно ви се наметнуваат со свои толкувања ,  дека договорот бил таков.

Нвидум  одговорот е едноставен , но  во суштина се работи за стапица во која влегуваат граѓаните , нешто што  предизвика  многу нервози, голем број на проблеми кај оние коишто чекаат  набрзина да дојдат до куќа и да се вселат во својот нов дом, за да не плаќаат кирии и едноставно да се вдомат  и да го  ДОБИЈАТ ТОА ШТО ГО ПЛАТИЛЕ!

Кампањите се многу провокативни, на Фејсбук , социјални мрежи  платени огласи, точно знаат како треба се рекламираат , те за 50 дена, па  клуч на рака…, но на крајот приказнате е или нема градба, ниту врата а камоли клуч и брава, или  они 50  и 90 дена , стануваат 100 па и 150 дена, 80 дена стануваат 200..цела година…незавршени!

Ви ветуваат дека се  ќе се заврши, а тие што плаќаат го губат трпението, но се воздржуваат тоа да го покажат ,   со надеж дека сепак ќе биде и за да не ги налутат мајсторите па да го направат ефтино и неквалитетно.

Македонски бизнис, и (не) одговорност. Нелогично, неразумно, неразбирливо… Апсурдно, бесмислено и накрајот  неприфатливо ако се декларираме, со секоја нова власт, како се повеќе праведна и правна држава. Сепак сите поминуваат неказнети,  ова е јавна тајна , а нема никаква реакција од институциите. Тие демек не знаат. Исто како за дивоградбите во Чаир!

Ваквите ситуации се сериозен пример на измама и злоупотреба на довербата на граѓаните кон институциите пред се,  што очигледно укажува на можни нерегуларности во процесите поврзани со градежништвото и правните услуги. Постојат неколку клучни аспекти што можат да се извлечат од приказната, а што ја потврдува суштината дека закони има но нивна примена поради лични релации, добра заработувачка, делење на ќарот, сепак нема.

Проверено.мк  собра повеќе реакции, документираше неколку приказни и се надева дека ќе добиеме уште повеќе реакции по објавата, но се обидуваме да ја дадеме насоката дека сепак ,  иако  договори има реализација или доцни или ја нема клучното е што граѓаните наместо радост добиваат нервози и се целосно незаштитени !

Во консултација со правни експерти направивме приказ за тоа каде грешиме или каде можебе да атакуваме;

Непочитување на договорните обврски

  • Договорот бил јасно дефиниран, вклучувајќи рокови за завршување на објектот, но тие обврски не се почитувани.
  • Надминувањето на двојниот рок е сериозен прекршок и основа за правни постапки.

Неетичко и сомнително работење на изведувачите или:

  • Изведувачите кои се претставиле со професионални услуги се покажале како неквалификувани или неодговорни.
  • Измамнички а не професионален пристап
  • Немање надзор,
  • немање контрола
  • немање серификати и гаранции за квалитет

Измама зад договорот – што вели законот односно нашите правни консултанти:

 Во ваков случај можат да се повикаат конкретни членови од Законот за облигациони односи, Кривичниот законик на Македонија, како и други релевантни закони што се однесуваат на градежништвото и заштитата на потрошувачите. Еве неколку примери:

Законот за облигациони односи

Овој закон ги регулира договорните односи и правата и обврските на страните во договорот.

 Член 10: Начело на совесност и чесност 

Страните во договорот се обврзани да постапуваат совесно и чесно. Во овој случај, изведувачите очигледно ги прекршиле овие начела со непочитување на договорните обврски.

 Член 266: Рокови за исполнување на обврските

Доколку договорот предвидува конкретен рок за исполнување на обврските, страната што не го почитува рокот е во доцнење и може да одговара за штета.

 Член 262: Последици од неисполнување на обврските 

Ако обврската не е исполнета во согласност со договорот, оштетената странка има право на:

– Надомест на штета

– Раскинување на договорот

 Кривичниот законик

Во случајов можат да се идентификуваат и кривични дела:

 Член 247: Измама

Според овој член, лице кое со намера да прибави противправна имотна корист доведе некого во заблуда и го наведе на штетно располагање со неговиот имот, ќе се казни со затворска казна.

– Во овој случај, изведувачите можеби свесно ја довеле странката во заблуда.

 Законот за заштита на потрошувачите

Овој закон е релевантен за граѓаните кои купуваат стоки или услуги од трговски друштва.

 Член 26: Права на потрошувачите во случај на неисправно извршување на договорот 

Потрошувачот има право да бара:

– Исполнување на обврската

– Намалување на цената

– Расткинување на договорот и враќање на уплатените средства

 

Член 28: Заблуда на потрошувачите 

Забрането е трговецот да дава лажни информации или да ги доведува потрошувачите во заблуда.

 Законот за градење

Го регулира изведувањето на градежни објекти и одговорноста на изведувачите.

Член 50: Одговорност на изведувачот

Изведувачот е должен да ја извршува градбата во согласност со договорот, проектот и прописите. Доколку тоа не се исполни, изведувачот сноси одговорност.

  

Што може да се направи?

 

  1. Пријавување до надлежните органи
    • Случајот треба да се пријави во полицијата, обвинителството и до надлежните институции како што е Државниот инспекторат за градежништво.
  2. Медиумска поддршка
    • Јавно објавување на случајот преку медиумите може да доведе до зголемен притисок врз одговорните лица.
  3. Советување со друг адвокат
    • Оштетената странка треба да се консултира со независен адвокат кој може да помогне во покренување на граѓанска тужба за надомест на штетата.
  4. Истражување на сопственичката структура
    • Дополнителни истраги за сопственичките и поврзаните структури можат да откријат дополнителни нерегуларности.
  5. Обезбедување на докази
    • Сите документи, договори, преписки и снимки од комуникацијата со изведувачите треба да се зачуваат како докази во евентуалните правни постапки.

 

продолжува…..

ПредходнаЕвгениј Поп Ацев е петтиот Македонец што го преплива Ла Манш
СледнаССМ: Во мај 73,3 проценти од работниците земале плата под просечната