Десетици илјади луѓе се придружија на пропалестинските и антиизраелските демонстрации низ Австралија.

Демонстрациите се одржуваат на околу 40 локации, а организаторите велат дека ова се најголемите пропалестински протести во историјата на Австралија, објавува весникот „Гардијан“.
Демонстрантите бараат санкции врз Израел и прекин на снабдувањето на Израел со австралиски делови за израелски борбени авиони.
Лондонскиот „Ист“ објавува дека толпите скандираат „крај на окупацијата“ и „санкции врз Израел сега“.
Некои транспаренти го нарекуваат Израел „терористичка држава“ и го изедначуваат со нацистичка Германија.
Протестот доаѓа во услови на ескалација на дипломатската криза меѓу Израел и Австралија, откако официјална Канбера објави дека ќе признае палестинска држава на Генералното собрание на ОН во септември.




