Противпожарен хеликоптер од противпожарната и спасувачка служба Финистер во Франција се урна во езеро во Роспорден додека учествуваше во операција за гаснење пожар.

Пилотот и пожарникарот успеаја да го напуштат леталото и безбедно да се вратат на брегот, објави BFM.
Во несреќата, која се случи синоќа, немаше жртви, објави весникот Телеграм.
Хеликоптерот, Моран 29, беше ангажиран во гаснење пожар во близина на куќи во областа Роспорден.
Пред да се сруши, хеликоптерот се приближи премногу до површината за време на операцијата за извлекување вода од езерото, што предизвика негово паѓање.
Снимките од несреќата брзо станаа вирални на социјалните мрежи.
Хеликоптерот беше дел од редовните летови насочени кон гаснење пожари во регионот.
Пред несреќата, беа спроведени 27 операции за гаснење пожари од авиони во истата област, со што се спасија 10 хектари вегетација, објавија медиумите.
Истрагата ќе ги утврди точните околности на несреќата, а „Моран 29“ ќе биде заменет со нов хеликоптер.




