Синот на холивудскиот актер Арнолд Шварценегер не може да се препознае, откако драстично ослабе. Кристофер Шварценегер ја покажа својата неверојатна трансформација, оставајќи ги сите без зборови со својот нов изглед.
Тој вели дека елиминирањето на лебот од исхраната му помогнало најмногу да ослабе. За неколку недели ослабел речиси 15 килограми.
„Вау, сега изгледа како да може да биде Терминатор“, „Непрепознатлив е“, „Ова е доказ дека упорноста се исплати“… Комплиментите се нижат на социјалните мрежи и онлајн форумите за Кристофер Шварценегер (27).
Кристофер е син на легендарниот Терминатор, Арнолд Шварценегер, и на новинарката и авторка Марија Шрајвер. Парот се разведе во 2011 година откако беше откриена аферата на Арнолд со една од домашните помошнички, со која го добисинот Џозеф. Арнолд и Марија беа во брак 25 години.
Во минатото, Кристофер се бореше со својата тежина, а на фотографијата од одмор објавена од неговата сестра Кетрин, младиот Шварценегер изгледа одлично, се согласуваат на социјалните мрежи.
Кристофер облечен во бела кошула и розови шорцеви изгледа непрепознатливо, но одлично!
Инаку, Кетрин е во брак со актерот Крис Прат, кој исто така беше дел од овој семеен одмор на Кеп Коуд.
Неодамна, тој запрв пат јавно проговори за тоа како со години се борел со вишокот килограми и што го натерало да го промени својот животен стил.
– Тоа беше голем процес. Во 2019 година бев на одмор во Австралија и не можев да одам на поголема активност бидејќи бев премногу тежок. Сакав да одам да скокам од авион, но ништо од тоа… – рекол Кристофер.