дома Свет Светските лидери и медиумите го осудија израелскиот напад врз болница во Газа,...

Светските лидери и медиумите го осудија израелскиот напад врз болница во Газа, во кој загинаа и новинари

Комитетот за заштита на новинарите истакна дека ги осудува израелските напади во кои загинаа пет новинари и ја повика меѓународната заедница да го смета Израел за одговорен

 

Светските лидери и новинарските асоцијации го осудија израелскиот напад на болницата Насер во Појасот Газа, во кој загинаа најмалку 20 лица, вклучувајќи пет новинари кои работеа за Ројтерс, Асошиејтед Прес, Ал Џезира и други.

Комитетот за заштита на новинарите истакна дека ги осудува израелските напади во кои загинаа пет новинари и ја повика меѓународната заедница да го смета Израел за одговорен за неговите континуирани незаконски напади врз печатот, додека Синдикатот на палестински новинари смета дека нападот е намерно таргетирање на палестински новинари.
„Синдикатот потврди дека ова злосторство претставува опасна ескалација во директното и намерно таргетирање на палестинските новинари и потврдува без сомнение дека окупаторот води отворена војна против слободните медиуми, со цел да ги тероризира новинарите и да ги спречи да ја извршат својата професионална мисија за разоткривање на своите злосторства пред светот,“ велат од Синдикатот.

Претседателот на САД, Доналд Трамп истакна дека не е среќен поради развојот на настаните и уште еднаш посочи дека мора да го заврши кошмарот во Газа.
Францускиот претседател Емануел Макрон напиша:
„Ова е неподносливо: цивилите и новинарите мора да бидат заштитени во сите околности. Медиумите мора да можат слободно и независно да ја извршуваат својата мисија за да ја покриваат реалноста на конфликтот.“

Генералниот дикретор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус посочи дека нападите презивикаа уште поголемо ограничување на пристапот до здравствена заштита во Газа, каде што владее глад.

„Не можеме доволно гласно да го кажеме: СТОП на нападите врз здравствената заштита. Прекин на огнот сега!,“ рече Гебрејесус.

ПредходнаМеркел: Беше исправно и разумно да се прифатат бегалци во 2015 година
СледнаЦрна Гора: Преговорите меѓу железничките работници и менаџментот не успеаја, штрајкот продолжува