дома Свет Анкета: Повеќето Французи сакаат распуштање на парламентот и нови избори

Анкета: Повеќето Французи сакаат распуштање на парламентот и нови избори

Околу 63 проценти од Французите го поддржуваат распуштањето на парламентот и одржувањето нови избори, покажа анкета на Францускиот институт за јавно мислење (Ifop).


Анкетата е спроведена онлајн на 26 август меѓу 1.000 испитаници, објави Ројтерс.
Францускиот премиер Франсоа Бајру се соочува со растечки предизвици во обидот да ја спаси својата малцинска влада, која би можела да биде соборена во септември, соопшти агенцијата.
Трите главни опозициски партии објавија дека нема да го поддржат Бајру на гласањето за доверба закажано за 8 септември, поради неговите планови за големи намалувања на буџетот.
Според анкетата, 51 процент од испитаниците веруваат дека францускиот претседател Емануел Макрон нема да го распушти парламентот ако Бајру ја изгуби довербата.
Наместо тоа, Макрон би можел да назначи нова влада.

ПредходнаФилмот „МАЈКА“ на Теона Стругар Митевска во Венеција ја отвора програмата „Хоризонти“
СледнаХР: Во тек е меѓународна операција за апсење за трговија со дрога