дома Свет Пукање во училиште во Минеаполис, нема пријавени повредени

Пукање во училиште во Минеаполис, нема пријавени повредени

Пукање се случи во католичко училиште во Минеаполис, Минесота, а полицијата успеа да го запре напаѓачот.


Сè уште не е познато дали има повредени.
Голем број служби за итни случаи се на местото на настанот, на 54-та авенија помеѓу улиците Хариет и Гарфилд.
Нападот се случил утрово по локално време, а според распоредот на училиштето, миса за сите ученици била планирана во 8:15 часот наутро, пишува CBS News.

Гувернерот на Минесота, Тим Волц, изјави дека е информиран за инцидентот.
„Се молам за нашите деца и наставници чија прва недела од училиштето е обележана со овој ужасен чин на насилство“, рече Волц.
Членови на повеќе агенции се на местото на настанот, вклучувајќи ги ФБИ, државната полиција и полицијата во Минеаполис.
Властите сè уште не објавија дали има жртви или колку луѓе биле погодени од инцидентот.

ПредходнаСкапоцени камења во вредност од 9,4 милиони евра запленети во акција против нелегална трговија во Турција
СледнаХрватски воен пилот на распит во сплитското обвинителство за шпионажа