дома Македонија Црна хроника Приведен криумчар на мигранти | NetPress

Приведен криумчар на мигранти | NetPress


Денеска (13.11.2023) во с.Орашец, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода И.И.(19) од с.Слупчане, липковско, бидејќи во возилото „фолскваген транспортер“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 12 лица мигранти од Непал.

Имено, околу 02.20 часот на автопатот „Пријателство“, делница Табановце – Куманово, полициските службеници дале знак за запирање на возилото, но возачот не застанал и продолжил со движење, се исклучил од автопатот на регионалниот пат Куманово – Свети Николе и откако влегол во село Орашец навлегол во нива, по што излегол од возилото и се обидел да побегне. Набргу бил фатен, а во возилото биле пронајдени мигрантите. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



ПредходнаМетју Пери и по смртта ќе заработува од „Пријатели, а наследници се…
Следна„Мудис“ го намали кредитниот рејтинг на САД, оценувајќи дека опаѓа фискалната сила на земја