дома Локално Сеуште активни пожарите во Јасен и Кожуф како и во Сарај

Сеуште активни пожарите во Јасен и Кожуф како и во Сарај

  На територијата на државава  активни се  три пожари  и уште три  се ставени под контрола  информира Центарот за управување со кризи.

Активни пожари се пријавени во село Радобил, општина Прилеп, каде гори ниска вегетација и шума, во село Волино, општина Охрид, со пожар на ниска вегетација и во село Корошишта, општина Струга, каде гори ниска вегетација и стрниште.

Под контрола се ставени пожари во повеќенаменското подрачје Јасен во општина Македонски Брод (мешана шума), на планината Кожуф во општина Гевгелија (приземен пожар), и во село Кондово, општина Сарај (ниска вегетација).

 

ПредходнаУспение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)
СледнаСДСМ одреди уште 11 кандидати за градоначалници