дома Македонија Економија Мицкоски тврди, најдобри сме и расте БДП-то

Мицкоски тврди, најдобри сме и расте БДП-то

По растот на БДП во првиот квартал, Мицкоски очекува растот да продолжи во вториот и третиот квартал годинава

  Од почетокот на годинава, како и во претходните два квартали од минатата година, Македонија бележи континуиран раст на бруто домашниот производ (БДП), кој е еден од највисоките во Европа, истакна премиерот Христијан Мицкоски при посетата на општина Кавадарци и нагласи дека позитивните резултати има во сите главни економски сектори, посочувајќи континуиран раст во земјоделството, туризмот, извозот и индустриското производство.

-Првиот месец од третиот квартал, јули, во градежништвото имаше огромна реализација и динамика на капитални проекти, истакна Мицкоски во одговор на новинарско прашање и додаде дека индустриското производство има стабилен раст од 4,1 процент во континуитет цела година. Додаде дека најмногу радува растот во преработувачката индустрија, која, според него, носи најголема додадена вредност.

Премиерот изрази оптимизам дека овој раст ќе продолжи и во вториот и третиот месец од третиот квартал, што ќе донесе солиден раст на БДП со очекуван раст во вториот квартал по растот од 3,2 отсто во првиот.

 

ПредходнаСилниот ветер во Скопје и околината направи , повеќе пожари и материјална штета
СледнаФилипче: Време е повторно да ја исправиме Македонија на темелите на АСНОМ