дома Свет Полиција: Убиството на Парубиј било внимателно планирано

Полиција: Убиството на Парубиј било внимателно планирано

Шефот на Главната дирекција на Националната полиција во регионот Лавов, Александар Шљаховски, денес изјави дека убиството на поранешниот претседател на Врховната рада на Украина, Андреј Парубиј, било внимателно планирано.
„Јасно е дека злосторството било многу внимателно планирано. И криминалецот многу внимателно се подготвил за негово извршување“, рече Шљаховски на брифинг за медиумите, пренесува Укринформ.


Според него, во тек е анализа на видео камерите за надзор по патиштата на пристап и заминување на убиецот, како и идентификација и испрашување на сведоци и очевидци со цел да се добијат целосни информации што би помогнале во идентификувањето на убиецот.
Тој одби да даде дополнителни детали.
Шљаховски истакна дека службениците за спроведување на законот истражуваат дали Андреј Парубиј добил закани.
„Моментално го проучуваме и анализираме ова прашање“, рече тој.
Во Лавов е започната специјална полициска операција „Сирена“ поради убиството на поранешниот претседател на Врховната рада, објави државното обвинителство на својот канал Телеграм.
Според прелиминарните податоци, непознат маж денес испукал осум куршуми кон политичарот во Лавов, по што Парубиј починал на самото место.

Повикувајќи се на неименувани извори во агенциите за спроведување на законот, новинарот Виталиј Глагола објави на својот Телеграм канал дека политичарот бил убиен од лице преправено како курир na Гловa

ПредходнаМиловановиќ: Планетата е жива додека траат земјотресите и вулканите
СледнаДевет полициски службеници завршија на токсикологија откако спречија поголем пожар кај салата „Борис Трајковски“