дома Магазин ВИДЕО! Непријатно: Меган Маркл доживеа уште јавен еден дебакл

ВИДЕО! Непријатно: Меган Маркл доживеа уште јавен еден дебакл

Во новата сезона на емисијата „Со љубов, Меган“ на Нетфликс, гостинот ѝ кажа на Маркл дека не ја гледал серијата „Сутс“ (Suits), притоа истата ја навреди.

Меган Маркл глумеше во хит-серијата „Сутс“ седум години. За време на една од епизодите од новата сезона на нејзината емисија „Со љубов, Меган“ која се емитува на Нетфликс, се појави коктел-мајсторот Пејман Бахмани-Бејли и почна да зборува за тоа што правел пред да ја работи оваа работа.

„Тоа е многу добро прашање. Бев адвокат во Њујорк“, рече тој, и пред да може да каже нешто повеќе за неговата работа, Меган беше инспирирана да го праша за серијата во која глумеше пред да се омажи со принцот Хари, а во која главна тема се адвокатите.

„Дали сте го гледале „Сутс“? гласеше нејзиното прашање.

„Не, не гледам обична кабелска телевизија“, рече Пејман.

Меган се насмеа (непријатно) на неговиот одговор.

„Сакам емисии со псовки и такви работи“, додаде Пејман.

„Одлично, ми се допаѓа“, му одговори Меган.

Неговиот одговор дека не гледа обична кабелска телевизија некои го сфатија како провокација, со оглед на тоа што обичната кабелска телевизија има само стандардни телевизиски канали кои доаѓаат со основниот пакет, додека премиум кабелската телевизија се состои од канали кои бараат дополнителна такса.

Меган ја напушти серијата во 2018 година, непосредно пред нејзиниот брак со принцот Хари. Серијата имаше уште две сезони по нејзиното заминување.

ПредходнаШто да се исчисти дома на крајот на летото
СледнаФОТО+ВИДЕО Длабоко деколте и тетоважи: „Вамп“ издание на Парис Џексон на Венецијанскиот филмски фестивал