Интернетот е преполн со гласини дека американскиот претседател Доналд Трамп починал во последните неколку часа.
саботата на јужниот тревник на Белата куќа го покажуваат Трамп жив и здрав – во придружба на неговата внука Каи, на пат кон голф терен во Вирџинија.
Веста се прошири толку широко што новинарите и службените лица мораа да даваат изјави, а фотографиите направени во
Новинарот на Си-Ен-Ен, Барак Равид, накратко објави на социјалните мрежи: „Трамп е добро. Утрово играше голф“.
Сепак, гласините не паднаа од небо – тие беа поттикнати од четири необични причини.
1. Коментари од потпретседателот Венс
Потпретседателот Џ.Д. Венс даде интервју во кое зборуваше за тоа како, во случај на „страшна трагедија“, ќе ја преземе претседателската функција.
Иако постојано нагласуваше дека Трамп е „во неверојатна форма и полн со енергија“, таа изјава беше доволна за многумина да поверуваат дека нешто не е во ред.
2. Здравствената состојба на Трамп
Претседателот неодамна беше фотографиран со голема модринка на раката , која неговиот тим се обиде да ја прикрие со шминка.
Покрај тоа, Трамп страда од хронична венска инсуфициенција (CVI) – состојба во која вените во неговите нозе не работат како што треба, што дополнително ги поттикна шпекулациите за неговото здравје.
3. Недостаток на јавни настапи
Трамп е познат по своите речиси секојдневни јавни појавувања.
Затоа многумина беа сомничави кога тој не беше пред камерите два дена и немаше никакви закажани настани. Наместо да претпостават дека зема слободен ден, многу корисници на социјалните мрежи веднаш претпоставија најлошото.
4. Теоријата за пицата во Пентагон
Меѓу побизарните теории што се појавија на интернет беше дека сообраќајот во пицериите во близина на Пентагон може да биде знак дека се случило нешто големо – или дури и дека американскиот претседател починал.
Имено, корисниците на Reddit и X (порано Twitter) тврдеа дека во петокот навечер бил забележан невообичаено голем број нарачки и испораки, што некои веднаш го поврзаа со можни итни состаноци и одлуки поврзани со националната безбедност.
Various pizzerias nearby the Pentagon are reporting high traffic.
As of 1:08pm ET pic.twitter.com/LnPVrc8Wvx
— Pentagon Pizza Report (@PenPizzaReport) August 29, 2025 Еден корисник напиша: „Секогаш кога ќе се случи нешто сериозно, луѓето во Пентагон нарачуваат пица затоа што остануваат будни цела ноќ работејќи.“ Сепак, оние што ги следат ваквите трендови наскоро се јавија и се обидоа да ја смират ситуацијата. Тие нагласија дека бројот на испораки во петокот не се разликува значително од вообичаениот сообраќај за време на викендот и дека целата приказна не е ништо повеќе имагинација.
Трамп е жив и здрав.
На крајот, се покажа дека сите гласини се неосновани – Трамп е здрав, активен и сè уште редовно игра голф. Но, оваа епизода уште еднаш покажа колку брзо теориите на заговор и дезинформациите можат д се шират на интернет.
x