дома ТОП ВЕСТИ Голем пожар на Вардариште, Аеродром, дел од Центар и Гази Баба без...

Голем пожар на Вардариште, Аеродром, дел од Центар и Гази Баба без струја

Поради пожар на дивата депонија Вардариште, попладнево населбите Аеродром и Ново Лисиче, како и дел од Центар немаат електрична енергија. Како што информираат од Центарот за управување со кризи, се работи за голем пожар што зафатил голем дел од депонијата, а можно е да горат и постари објекти.

Директорот Мухамед Али вели дека на гаснење на огнот работат 13 пожарникари со пет противпожарни возила. Заради пожарот се изгаснати и далекуводите за Аеродром и Лисиче.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов информира дека постојат сомневања дека пожарот е подметнат. Исклучувањето на далноводите, што без струја ги остави Аеродром, Лисиче, Ченто, индустриската зона, Кванташки пазар, Арачиново, Стајковци, Трубарево и Бунарџик е од безбедносни причини.

„Поради обемот на пожарот и опасноста да се прошири надвор од депонијата како помош на Протипожарната бригада на Скопје се испратени еден БТР, еден хермелин и еден тим на ДЗС“, рече Ангелов.

Од Електродистрибуција попладнево информираа дека има дефект на 110 киловолтната трафостаница „Аеродром”, заради што во моментот поголем дел од корисниците од Аеродром и Ново Лисиче, како и дел од корисниците од централното градско подрачје, се соочуваат со прекин во снабдувањето со електрична енергија.Од компанијата велат дека нивните екипи работат на санација на дефектот.

„Додека не добиеме зелено светло од Противпожарните бригади не може да се вклучи напон“,пишува во информацијата од Електродистрибуција.

Засега нема информации колку време ќе трае прекинот на струја во овие населби

ПредходнаРусија изгуби повеќе од 290.000 војници од почетокот на годината
Следна48 лица уапсени во голема рација на островот Крит