дома Свет Московјанец казнет за повторно објавување на анимиран филм за Пајо Паторот и...

Московјанец казнет за повторно објавување на анимиран филм за Пајо Паторот и Хитлер

Судот Бабушкин во Москва казни жител на руската престолнина со 1.500 рубли (околу 20 евра) за повторно објавување на анимиран филм на Дизни во кој Пајо Паторот се потсмева на Адолф Хитлер.


Според судот, објавеното видео прикажувало нацистички симболи, што е прекршување на Законот за административни прекршоци на Руската Федерација, пренесува РИА Новости.
Во судскиот документ се наведува дека жената на својата страница на социјалната мрежа „ВКонтакте“ објавила јавно достапна содржина што „содржела нацистички симболи“, иако е очигледно дека станува збор за антифашистичка сатира.
Иако обвинетиот не се појавил на рочиштето, Центарот за борба против екстремизмот доставил извештај кој, заедно со фото докази и други материјали, послужил како основа за пресудата.
Ова е само едно од деветте прекршоци за кои е обвинета, главно поради видеа што прикажуваат „свастики“.
Вкупниот износ на сите казни што ѝ се изречени достигнува 13.500 рубли (околу 135 евра).

ПредходнаПесков негира вмешаност на Русија во блокирањето на ГПС сигналот во авионот на Фон дер Лајен на летот за Бугарија
СледнаФилипче: Очигледно е дека Владата не сака да почнеме преговори со ЕУ, а ние тоа нема да го дозволиме