дома Македонија Политика Прислушувањето од АНБ е удар врз демократијата, вели Мицкоски

Прислушувањето од АНБ е удар врз демократијата, вели Мицкоски

 Премиерот Христијан Мицкоски денеска на отворањето на состанокот посветен на партнерството за отворена власт порача дека најновите информации за незаконско прислушување не се личен напад врз него, туку директен удар врз демократијата и правото на слобода.

 

„Јас лино, тогаш како претседател на опозицијата, а денеска како премиер, заедно со новинари, медиуми, бизнисмени и јавни личности сме биле жртва на системот кој ги следел своите граѓани. Ова не е напад само врз мене, туку врз демократијата, врз правото на слобода, врз темелите на државата“, изјави Мицкоски.

Тој истакна дека злоупотребата на безбедносните служби нема да остане без одговорност и најави правна разрешница. „Нема да има селективна правда. Ќе има одговорност. Ќе има правна разрешница. Времето на недопирливи заврши“, порача премиерот.

ПредходнаПродолжува судењето за „Адитив“ за злоупотреби во државната компанија ЕСМ и фиктивни тендери вредни милиони евра
СледнаФилипче: Тоа што од нас го бара ЕУ, не го бара само Бугарија тоа е документ на ЕУ, на Брисел