дома Свет Загреб: Градот препорачува забрана за употреба на мобилни телефони во основните училишта

Загреб: Градот препорачува забрана за употреба на мобилни телефони во основните училишта

Градот Загреб издаде препорака до основните училишта во Загреб да забранат употреба на мобилни телефони, изјави денес заменик-градоначалничката Данијела Доленец, изразувајќи надеж дека училиштата ќе ја прифатат препораката.
„Голем број училишта во Загреб веќе доброволно ја забранија употребата на мобилни телефони од страна на децата за време на часовите, со пропишани исклучоци и санкции, а сега препораката е за сите и се надеваме дека училиштата во голема мера ќе ја прифатат“, рече Доленец на прес-конференција.
Таа додаде дека ова било подготвувано во текот на изминатата учебна година, училиштата биле анкетирани и била активирана Комисијата за спречување на зависности на градот, која дала експертска препорака.
Употребата на мобилни телефони и паметни телефони на час има голем број негативни последици, врз менталното здравје, сонот, концентрацијата, семејните односи, изложеноста на онлајн насилство, како што покажуваат бројни студии, па затоа голем број земји започнаа разни иницијативи за ограничување или забрана на употребата на мобилни телефони во училиштата, рече Доленец.
„Сигурни сме дека ова е добар чекор, сигурно само по себе не ги решава проблемите со користењето на социјалните мрежи на премлада возраст и проблемите со менталното здравје кај децата поради големото време што го поминуваат онлајн, но е чекор во вистинската насока“, рече Доленец, пренесе загрепскиот N1.
Доленец, исто така, истакна дека студијата од 2022 година на Институтот за социјални истражувања во Загреб покажала дека повеќе од 85 проценти од наставниците ја поддржуваат забраната за употреба на мобилни телефони во училиштата, како и повеќето деца до петто одделение.

ПредходнаШукова: Георѓиевски, ветувајќи парк во Вардариште, манипулира со граѓаните или воопшто не ја познава состојбата
СледнаБугарскиот премиер Железков ги негира извештаите за напад врз авионот на Урсула фон дер Лајен