дома Свет Трамп: Си, Путин и Ким коваат заговор против САД

Трамп: Си, Путин и Ким коваат заговор против САД

Во објава на социјалните мрежи, американскиот претседател Доналд Трамп ги обвини кинескиот претседател Си Џинпинг, рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун дека дејствуваат заедно против Вашингтон, напиша АФП.

Трамп започна со гест на почит кон Си, повикувајќи го кинескиот лидер да им оддаде почит на Американците кои загинаа помагајќи ѝ на Кина против „ многу непријателски странски окупатор“ и повикувајќи тие да бидат „запаметени по нивната храброст и жртва “.

Тонот нагло се промени кога Трамп саркастично го замоли кинескиот лидер да им ги пренесе своите „срдечни поздрави“ на Путин и Ким , обвинувајќи ги тројцата за заговор „против Соединетите Американски Држави “.

 Коментарите на Трамп дојдоа токму кога во Пекинг започна масовната воена парада по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна, на која присуствуваа 26 шефови на држави, вклучувајќи ги Путин и Ким.
ПредходнаФранцускиот суд издаде налог за апсење на Башар ал-Асад
СледнаПутин, Си и Ким се појавија заедно на воената парада во Пекинг