дома Свет Балкан Кошта: Проширувањето на ЕУ е најважната геополитичка инвестиција во нејзината безбедност

Кошта: Проширувањето на ЕУ е најважната геополитичка инвестиција во нејзината безбедност

  Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во вторник во Загреб изјави дека проширувањето на Европската Унија е најважната геополитичка инвестиција во безбедноста на Унијата, особено кога станува збор за Украина, Молдавија и земјите од Западен Балкан.
„Проширувањето за Украина, Молдавија и земјите од Западен Балкан е многу тежок процес, но мора да се фокусираме, да поставиме приоритети и да работиме со овие земји за да постигнеме успех во овој мандат“, рече Кошта на заедничката прес-конференција со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, пренесе Хина.
Пленковиќ нагласи дека Хрватска е посветена на продолжување на проширувањето на ЕУ, но исклучиво врз основа на индивидуално исполнување на критериумите за кандидати.
„Сакаме овој процес да биде фер, динамичен и корисен за земјите што сакаат да се приклучат кон ЕУ, но и функционалноста на Унијата, во однос на буџетот и донесувањето одлуки, да остане на највисоко ниво“, нагласи хрватскиот премиер.
Кошта пристигна во Загреб како дел од турнејата низ земјите-членки на ЕУ, пред преговорите за новиот повеќегодишен буџет на Унијата (2028–2034). Европската комисија веќе предложи рекорден буџет од два трилиони евра.
„Секој глас е важен. Важно е да се слушаат различни лидери за да можеме заедно да ги дефинираме приоритетите и програмата во наредните месеци“, рече Кошта.
Кошта ја започна турнејата во понеделник во Словенија, а по Хрватска, до крајот на неделата ќе ги посети Австрија, Бугарија, Романија, Чешка и Холандија.
Агендата на состанокот со европските лидери вклучува безбедност и одбрана на ЕУ, војната во Украина, процесот на проширување, Блискиот Исток, повеќегодишната финансиска рамка (буџет), трговијата и конкурентноста…

ПредходнаВучиќ се прешалта- Кина отсекогаш била со Србија, особено во тешки времиња
СледнаРепублика Српска избра нова влада