дома Свет Членовите на придружбата на Ким ги избришаа сите траги од него по...

Членовите на придружбата на Ким ги избришаа сите траги од него по средбата со Путин

Членовите на придружбата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ги отстранија сите траги од присуството на Ким од местото на состанокот по неговата средба со рускиот претседател Владимир Путин во Кина, објавија денес руските медиуми.


„Ја одзедоа чашата од која пиеше, го избришаа тапацирот на фотелјата и парчињата мебел што ги допре“, рече новинарот Александар Јунашев на својот канал Телеграм.
Тој објави и видео на кое е снимен процесот на чистење на местото на состанокот.
Рускиот претседател и севернокорејскиот лидер се сретнаа по церемонијалниот прием во чест на 80-годишнината од победата во Втората светска војна, што се слави во Пекинг.
Разговорот траеше повеќе од час и половина, а потоа шефовите на државите ги продолжија разговорите во формат „тет-а-тет“, кој траеше околу еден час.

ПредходнаMKD: Мала група од АНБ работела на обработката на активностите на Мицкоски, Николоски, Спасовски, Русковска…
СледнаРеџепи: Ама јас не можам да свикам седница, немам сертификат. Бараат седница на комисијата за да не се заврши работата