дома Свет Бројот на жртви во несреќата со жичарницата во Лисабон се искачи на...

Бројот на жртви во несреќата со жичарницата во Лисабон се искачи на 15, а 23 се повредени

Бројот на жртви во излетувањето на жичарницата во Лисабон се искачи на 15, вклучувајќи туристи, соопшти португалската полиција.


Најмалку 23 лица се повредени во несреќата, од кои петмина потешко, објави новинската агенција Луса.
Жичарницата превезувала повеќе од 40 лица.
Несреќата се случила вчера кога жичарницата излетала од шините и удрила во зграда.
Фотографија од местото на настанот покажува дека кабината на жичарницата, која наликува на трамвај, е практично уништена.
Властите веруваат дека несреќата е предизвикана од лабав кабел или дефект на сопирачките.
Португалската влада прогласи национален ден на жалост и тридневна жалост во Лисабон.
Бригадата на судската полиција е повикана да ја испита причината за несреќата на жичарницата Глорија, која може да прими до 42 патници и е обележје на Лисабон кое е многу популарно кај туристите.

Жичарницата Глорија е отворена пред повеќе од еден век, во 1885 година.

 

ПредходнаАмериканскиот „Њузмакс“ го тужи „Фокс њуз“ за нелегално потиснување на конкуренцијата
СледнаКремљ повеќе не прифаќа ниту сини шлемови во Украина