дома Култура Аргентинските власти пронајдоа слика украдена од нацистите во Холандија

Аргентинските власти пронајдоа слика украдена од нацистите во Холандија

   Аргентинските власти објавија во среда дека пронашле слика украдена од нацистите во Европа пред неколку децении.

Портретот на грофицата Колеони од италијанскиот сликар Џузепе Гисланди беше изложен во канцеларијата на обвинителот во крајбрежниот град Мар дел Плата.

Реме-делото беше на списокот на уметнички дела украдени од нацистите и се сметаше за исчезнато 60 години.

Службеник на судот во Мар де Плата изјави дека Патриша Кадџиен, ќерка на поранешен нацистички службеник, и нејзиниот сопруг ја предадоа сликата на обвинителството преку нивниот адвокат.

Аргентинските власти минатата недела извршија рација во куќа во Мар дел Плата откако сликата беше забележана на фотографија во оглас за недвижнини, но не можеа веднаш да ја лоцираат.

Случајот доби меѓународно внимание кога холандскиот весник „Алгемин Дагблад“ првпат објави дека куќата ѝ припаѓала на Патриша Кадгиен, ќерка на Фридрих Кадгиен, висок функционер во владата на Адолф Хитлер, кој избегал во Аргентина на крајот од Втората светска војна. Тој починал таму во 1979 година.

Судот нареди Патриша Кадгиен и нејзиниот сопруг да бидат ставени во домашен притвор под обвинение за попречување на истрагата за тоа каде се наоѓа сликата.

Портретот на грофицата Колеони е меѓу илјада уметнички дела украдени од нацистите од Жак Гудстикер, трговец со уметнички дела од Амстердам, кој починал во 1940 година.

ПредходнаПутин вели дека или „здравиот разум“ или вооружената сила ќе преовлада во Украина
СледнаЧешка нарачува најмалку 44 тенкови Leopard 2A8