Загрепската полиција заплени речиси 30 килограми марихуана и 2,5 килограми кокаин и уапси 49-годишен маж во чија куќа и автомобил ја пронашле дрогата.

Како што е наведено во соопштението на хрватската полиција, осомничениот набавил големи количини нмарихуана и кокаин во областа Дубрава, кои ги скрил во својата куќа и автомобил, по што ги препродал, пренесува Хина.
Во петокот, доцна попладне, полицијата ја претресе неговата куќа и пронашла четири пакувања кокаин со вкупна тежина од 2,492 грама и дигитална вага, додека во автомобилот што го користел биле откриени 28 пластични обвивки со вкупно 29,9 килограми марихуана.
Како што е наведено од хрватската полиција, 49-годишникот бил предаден на надзорникот на притворот со кривична пријава.




