дома Македонија Земјотрес почувствуван во Струмица

Земјотрес почувствуван во Струмица

6 септември, 2025

Земјотрес со Рихтерова магнитуда 2,2 и интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала ноќеска е регистриран во валандовскиот регион.

Според информациите на Сеизмолошката опсеравторија во Скопје, епицентарот на земјотресот е во валандовското подрачје, 116 километри југоисточно од Скопје.

Земјотресот е регистриран во 02:13 часот, а почувствуван во Струмица и околината.

ПредходнаВо Загреб: маж сo заканa дека носи бомба се обидел да влезе во претседателската вила
СледнаГерманец, кој се сметаше за мртов во несреќата во Лисабон, чудесно пронајден жив