Локалните медиуми првично објавија дека Германецот починал пред очите на својот син во инцидентот во кој загинаа 17 лица на 3 септември.

Таткото на германското дете кое чудесно беше извлечено живо од остатоците од несреќата на жичницата во Лисабон е пронајден живо – откако на неговото семејство веќе му беше кажано дека веројатно е мртов, објави „Индипендент“.
Локалните медиуми првично објавија дека Германецот починал пред очите на својот син во несреката во кој загинаа 17 лица на 3 септември.
Семејството на човекот од Хамбург отишло во Институтот за судска медицина на 4 септември за да го побара неговото тело, но не можеле да го идентификуваат. Според CNN Portugal, роднините му покажале фотографија од човекот на локален полицаец, кој ги однел во болницата Сао Хозе. Таму бил пронајден жив, но „во многу сериозна состојба“, потврдил портпаролот на португалската полиција за The Independent.
Според полицијата, телото првично било помешано со телото на Германецот бидејќи се совпаѓало со физичкиот опис даден од семејството.
„Не сме кажале дека ова лице е мртво. Добивме информации и посочивме дека постои можност меѓу загинатите да е и германски државјанин, но без конечна потврда“, појасни портпаролот.
Откако човекот бил пронајден жив, извршен е ДНК тест, кој покажал дека починатиот не бил Германец.
Мајката на момчето е во критична, но стабилна состојба во болницата Санта Марија. Германското Министерство за надворешни работи изјави за локалните медиуми: „Колку што е познато на Федералното Министерство за надворешни работи, во моментов нема германски државјани меѓу жртвите“.
Тројца Британци се меѓу 17-те загинати, соопштија португалските власти. Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека е „длабоко ожалостен“ поради загубата на тројцата сонародници.
Фуникуларот, кој служи на стрмна линија во централниот дел на португалската престолнина, излета од шините и се истумба по 18:00 часот во областа на Авенида да Либердаде, при што беа повредени најмалку 21 лице. На 5 септември, судската полиција потврди дека меѓу жртвите има државјани на Португалија, Јужна Кореја, Швајцарија, Канада, Украина, САД и Франција.