Пожарот во фабриката „Макпрогрес“ во Виница е ставен под контрола. Повредени се неколку пожарникари кои се здобиле со изгореници на стапалата откако се заглавиле во смола од стопен шеќер во еден од погоните.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов доцна вечерва информираше дека во гаснењето на пожарот учествувале пожарникари од Виница, Македонска Каменица, Делчево, Кочани, Пробиштип, Штип, Струмица, Кавадарци и Велес.
Пожарот изби попладнето и беа опожарени магацински простории и производствени погони.