Украина го нападнала нафтоводот Дружба во рускиот регион Брјанск, изјави денес командантот на украинските беспилотни летала, Роберт Бровди.
Бровди во објава на Телеграм изјави дека нафтоводот претрпел „сеопфатна штета“ и дека по нападот избувнал пожар, објави Ројтерс.
Транзитниот нафтовод Дружба ги снабдува Унгарија и Словачка со руска нафта, а веќе беше цел на два напади од почетокот на годината, на 17 и 22 август.