дома Uncategorized Две ракети испукани од Појасот Газа кон Израел, едната пресретната

Две ракети испукани од Појасот Газа кон Израел, едната пресретната

Две ракети беа испукани од Појасот Газа кон пограничните градови во Израел утрово, едната беше пресретната, а другата падна во ненаселена област, соопшти израелската војска.


Лансирањето на ракетата ги активираше сирените за воздушен напад во градот Нетивот и голем број околни населби, соопшти војската.
Службите за итни случаи соопштија дека нема повредени или материјална штета, објави „Тајмс оф Израел“.

ПредходнаУкраина вели дека го нападнала нафтоводот Дружба во рускиот регион Брјанск
СледнаИстражување: Инфлацијата, зголемувањето на цените и трошоците за живот се прашања што ги мачат граѓаните на ЕУ