дома Локално Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста

  Во пресрет на 8 Септември – Денот на независноста денеска во касарната „Илинден“ во Скопје ќе се изврши почесна артилериска стрелба.

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независностаПробната почесна артилериска стрелба ќе се изврши во 18 часот со истрелување на еден плотун од шест артилериски орудија, а во 19 часот почесната артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од шест артилериски орудија.

– Почесната стрелба како дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување на празници е во склоп на активностите кои се реализираат по повод одбележувањето Денот на независноста – 8 Септември, информираа од Генералштабот на Армијата.

ПредходнаСончево и топло за време на продолжениот викенд
СледнаЗемјотрес почувствуван во Кичево, Охрид и околината