Напредокот на технологијата и материјалите, како и имагинацијата на архитектите, довеле до создавање на сите видови на чудни, футуристички и речиси фантастични градби низ целиот свет. Понекогаш, сепак, најпримитивните се најинтересни.

Casa do Penedo се наоѓа во северна Португалија и се смета за една од најневообичаените архитектонски креации во светот. Наречена “Куќа на Флинтстоун” или “Камен замок”, таа била изградена во 70-тите години на минатиот век и изгледа како да е изрезбана од самата природа.
Во пролетта 1973 година, за време на бура, семејството Родригез се нашле на врвот на планината и одлучиле дека местото е идеално за викендица. Тие го купиле земјиштето од тројца различни сопственици и започнале со изградба во 1974 година.
Куќата е дизајнирана да се вклопи совршено помеѓу четири огромни камења природно лоцирани во областа. Двокатна со мала кујна и дневна соба на долниот кат, Casa do Penedo е опремена во рустикален стил.

Четири огромни камења се “вградени” во него
Еден од најимпресивните елементи е каучот направен од евкалиптово дрво и бетон, кој тежи речиси 360 килограми. Спалната соба се наоѓа на вториот кат, до која се пристапува преку дрвени скали. Секоја соба е обликувана според геометријата на камењата, што дава уникатен карактер на ентериерот.

Се наоѓа во средината на драматичен пејзаж
Иако има ветерни турбини во близина, домот нема струја, но има вода, гас, па дури и отворен базен изграден од природен камен.
Првично наменета за лична употреба, куќата брзо го привлекла вниманието на туристите и медиумите. Во 2014 година, јапонска телевизиска станица ја нарече “најчудната куќа во светот”, што доведе до лавина од посетители. Денес функционира како мал музеј.
Изолираната локација на Casa do Penedo го прави ранлив на вандализам. Затоа, сопствениците ги зајакнаа вратите, ги заменија прозорците, додадоа огради, па дури и непробојно стакло, пишува Идеалиста.




