DOJA Cat уште еднаш докажа дека е кралицата на црвениот тепих кога станува збор за неочекувани потези. На снощните МТВ ВМА награди за 2025 година, пејачката ја шокираше публиката кога буквално го изеде карминот.
Пејачката се појавила на црвениот тепих во впечатлив фустан Balmain, со голема фризура и уште поголема чанта во облик на кармин, потпишана од Judith Leiber Couture. Нејзиниот изглед веднаш го привлече вниманието на фотографите и медиумите.
Додека позирала за фотографии, Доџа го извадила карминот од чантата за да го нанесе на усните. Но наместо вообичаената шминка, имаше шокантен момент – таа гризе големо парче кармин.
Еден од новинарите подоцна ја прашал каков е вкусот на карминот, на што таа кратко одговорила: “Ох, беше вкусно”.
Реакции од интернет
Секако, овој необичен потег предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи. “What a queen”, “icon move”, “Girl, why you eat lipstick?” и “Ok, this is really weird” се само некои од коментарите.