дома Македонија Политика Во Јуроп Хаус промовоција на Извештај во сенка за слободата на...

Во Јуроп Хаус промовоција на Извештај во сенка за слободата на медиумите во Северна Македонија

Во Јуроп Хаус денеска   новиот Извештај во сенка за слободата на медиумите во Северна Македонија

  Во просториите на Јуроп Хаус денеска  промоција на  Извештајот во сенка за слободата на медиумите во Северна Македонија, изработен од Фондацијата Метаморфозис во соработка со италијанската организација Osservatorio Balcani Caucaso Transeuropa.

Настанот содржи обраќања и презентација на клучните наоди и препораки од извештајот, како и  панел дискусија посветена на улогата на медиумите во заштита на јавниот интерес. Во дискусијата ќе учествуваат истакнати новинари, медиумски експерти и претставници од граѓанскиот сектор и меѓународната заедница.

Извештајот нуди сеопфатна анализа на актуелната состојба со медиумските слободи во земјата, при што се истакнува одреден напредок, но и бројни предизвици – од политички и економски притисоци, преку дезинформации, до нерешени прашања во регулативата и безбедноста на новинарите. Документот содржи и конкретни препораки за институциите и медиумските актери со цел унапредување на независноста, плурализмот и отпорноста на медиумите.

 

ПредходнаАнглија: Хаос на стадионот во Белград. Исплашени деца побараа засолниште од насилството
СледнаРуски ноќен напад врз 15 украински региони со околу 415 беспилотни летала и 40 ракети