дома Магазин Чарли Шин призна дека имал секс со мажи

Чарли Шин призна дека имал секс со мажи

Чарли Шин е подготвен да раскаже сè за своите најтурбулентни години. И тоа ќе го стори и во своите мемоари „Книгата на Шин“ и во документарецот на Нетфликс – познат како Чарли Шин.

  Книгата е во продажба денес ,а продукцијата на Нетфликс ќе биде објавена утре, 10 септември. Во интервју за „Пипл“, Шин призна дека имал сексуални односи со мажи.

„Го превртев менито“, вели тој, додавајќи дека не планира да се крие од своето минато. Според „Варајати“, актерот во документарецот вели дека е многу ослободувачки конечно отворено да се зборува за тоа.

Чарли Шин во емисијата „Добро утро Америка“ изјави дека неговите сексуални средби со мажи започнале додека користел кокаин.

Фотографија 731327„Тоа беше почетокот. Тука се роди или запали искрата. И во сите моменти кога не користев, се обидував да се справам со тоа, да се помирам со тоа – „Од каде дојде ова?… Зошто се случи ова?“ – и на крајот само реков: „Па што?“ Некои од нив беа чудни. Голем дел беше навистина смешен. И животот продолжува“, вели Шин.

 Со досега споделените работи, Чарли Шин дефинитивно предизвика уште поголем интерес и за неговата книга и за продукцијата на Нетфликс.
ПредходнаДУИ: Дали Македонија станува „третата српска република“?
СледнаБелоруска шпионска мрежа разбиена во Европа